Трамп собра над 50 милиони долари донации во првите 24 часа откако беше прогласен за виновен
Републиканскиот кандидат Доналд Трамп собрал над 50 милиони долари донации во првите 24 часа откако тој беше прогласен за виновен за фалсификување документи...

Републиканскиот кандидат Доналд Трамп собрал над 50 милиони долари донации во првите 24 часа откако тој беше прогласен за виновен за фалсификување документи.Тоа се повеќе од два милиони долари на час, соопштија советниците во кампањата на Трамп.
Поранешниот американски претседател Трамп, беше прогласен за виновен за фалсификување документи за да се прикрие молчењето на порно ѕвездата Сторми Даниелс пред изборите во 2016-та година.
Поротата во Њујорк го прогласи Трамп за виновен по сите 34 точки од обвинението, што го прави првиот американски претседател кој е осуден за кривично дело. На Трамп му се заканува максимална казна од четири години затвор.
