Голем руски ракетен напад врз Украина
Русија во текот на ноќта извршила најжестоки воздушни напади врз Украина во последните неколку месеци, објавуваат украинските медиуми, повикувајќи се на извори од украинската армија...

Русија во текот на ноќта извршила најжестоки воздушни напади врз Украина во последните неколку месеци, објавуваат украинските медиуми, повикувајќи се на извори од украинската армија. Нападите биле насочен кон критичната инфраструктура во неколку украински региони.
Воздухопловните сили на Киев соопштија дека нивната противвоздушна одбрана соборила 81 крстосувачка ракета и 46 беспилотни летала „шахед“. Руските напади врз украинските енергетски капацитети продолжуваат и изутрината. Во нападите се оштетени енергетски објекти во пет региони во земјата.
Од март ова е шести масивен, комплексен напад со ракети и дронови врз цивилна енергетска инфраструктура, соопштуваат од Украинската енергетска компанија.
