Концерти, балет, филм, панел дискусии за јапонската култура вечерва на Сакура фестивалот во МКЦ
Во Младинскиот културен центар во Скопје се одржи фестивалот за јапонска култура – Сакура, како заедничка прослава на културата инспирирана од Јапонија, по повод 30 годишнината на македонско-јапонските дипломатски односи...

Во Младинскиот културен центар во Скопје се одржи фестивалот за јапонска култура – Сакура, како заедничка прослава на културата инспирирана од Јапонија, по повод 30 годишнината на македонско-јапонските дипломатски односи.
Фестивалот има богата програма која вклучува случувања од сите аспекти на културата, поп-културата и субкултурните текови. На отворањето обраќање ќе имаат директорката на Директорат за билатерални односи со воневропски држави при МНР како и амбасадорот на Јапонија Оцука Казуја, кој подоцна ќе одржи мал концерт на класична гитара.
На агендата на фестивалот се три концерти од млади музичари, еден пијано концерт, лајв сет со амбиентална музика, балет инспириран од јапонски Буто танц, три панел дискусии за јапонска култура и природа, архитектура и филм. Исто така, во рамките на фестивалот ќе се одржи и претставување на пет јапонски боречки вештини, две работилници, презентации и церемонија на чај, цртање во живо, две групни изложби, четири натпревари во гејминг, четири модни дизајнери.
Слоганот на ова издание на фестивалот „Расцути ја иднината“, што е поврзано и со самото име на фестивалот Сакура – црешов цвет, и повикува кон градење на поодржлива иднина за сите, за која треба да почнеме да работиме уште веднаш.
