Познати осминафиналните двојки и термини

27.06.2014 12:32

Денеска на мундијалот е слободен ден, а веќе утре стартуваат натпреварите во елиминациската фаза и тоа со две јужноамерикански пресметки...

Комплетирани се паровите за осминафиналната рунда на светското фудбалско првенство во бразил 2014.

Денеска на мундијалот е слободен ден, а веќе утре стартуваат натпреварите во елиминациската фаза и тоа со две јужноамерикански пресметки.

Во првиот осминафинален меч, во Бело Хоризонте, ќе се сретнат домаќинот Бразил и   селекцијата на Чиле .

Во Рио Де Женеиро на Маракана во 22 часот ќе започне натпреварот меѓу Колумбија И Уругвај.

Победниците од овие натпревари ќе се сретнат во четвртфиналето.

В недела ќе играат Холандија – Мексико и Коста Рика – Грција, а во понеделник се закажани дуелите Франција – Нигерија и Германија – Алжир.

Осминафиналната рунда ќе биде заокружена со натпреварите во вторник, кога се среќаваат Аргентина – Швајцарија и Белгија – САД. 

Сите натпревари од осминафиналето ќе се играат во термините од 18 и 22 часот по македонско време и ќе бидат пренесувани на Македонската телевизија.