Изложбата „Корени – три генерации“ отворена во Музеј галеријата во Кавадарци
Изложбата „Корени три генерации“ на семејството Ташковски, нуди 60 дела работени во акварел, масло на платно и акрил. Авторите татко и ќерка Васко и Лара Ташковски наместо да говорат за своите дела, оставија присутните да го видат и оценат нивниот труд...

Во кавадаречкиот Музеј отворена е ретка изложба на три генерации автори. Пред тамошната јавност се претставуваат академик Васко Ташковски, неговиот татко Ристо Ристовски кој е починат и ќерката Лара Ташковска. Сите тројца се со изложени по 21 дело, работени во акварел, масло на платно и акрил.
Изложбата „Корени – три генерации“ е поставена во Музеј галеријата во Кавадарци. На неа може да се видат дела на Ташковски насликани последните седум години. Тој и во 87 година од животот твори.
Авторите татко и ќерка Васко и Лара Ташковски кажаа дека тие нема да зборуваат многу за себе туку ќе ги остават присутните да ги видат делата и така да ги осознаат.
Изложбата „Корени – три генерации“ ќе биде поставена во Кавадарци, следните две седмици.
Петар Печков
