Последна фаза од изборите во Индија
Индијците гласаа во последната фаза од долготрајните општи избори, кои се одржуваат во време на рекордни летни горештини. Повеќе од 100 милиони луѓе имаа право на глас во осумте држави и сојузни територии...

Индијците гласаа во последната фаза од долготрајните општи избори, кои се одржуваат во време на рекордни летни горештини. Повеќе од 100 милиони луѓе имаа право на глас во осумте држави и сојузни територии.
И премиерот Нарендра Моди и неговиот главен ривал, лидерот на Конгресот Рахул Ганди се уверени во изборна победа. Моди се надева на трет последователен мандат. Неговата хинду националистичка партија, Бхаратија Џаната се бори со опозицискиот сојуз од околу дваесетина партии, предводени од конгресната партија, и се очекува да освои мнозинство.
Индија е најбројната демократија во светот. Освен екстремното топло време кое предизвика и топлотни удари и смртни случаи, голема мака на жителите им претставуваат и невработеноста и инфлацијата.
