Уставен суд
В понеделник е закажана нова седница на Уставниот суд
01.06.2024 12:19
В понеделник е закажана нова седница на Уставниот суд каде што треба да има нов обид за избор на нов претседател на судот...

В понеделник е закажана нова седница на Уставниот суд каде што треба да има нов обид за избор на нов претседател на судот.
Претходните два обида за избор на прв човек на Уставен пропаднаа откако по тајното гласање ниту една од кандидатките, Татјана Васиќ-Бозаџиева и Ана Павловска-Данева не го добија потребното двотретинско мнозинство гласови.
Доколку не се избере претседател на Уставниот суд, генералниот секретар на судот ќе може да извршува само административни работи, но нема да може да се организираат седници, ниту пак да се носат одлуки.
