МВР

Битолчанец загина откако со возило излетал од пат

01.06.2024 13:00

63-годишен битолчанец загина на лице место откако со возило излетал од пат во битолско село...

63-годишен битолчанец загина на лице место откако со возило излетал од пат во битолско село.

-На 31.05.2024 во 14.42 часот во СВР Битола било пријавено дека на земјен пат во атар на с. Кременица, битолско, Ж.Р.(63) од село Средно Егри, битолско, управувајќи патничко возило „форд“ со битолски регистарски ознаки, изгубил контрола и излетал од коловозот. Од здобиените повреди возачот починал на местото на несреќата, а смрт била констатирана од лекар од Итната медицинска помош, соопштија денеска од полицијата.

Извршен бил увид од Јавен обвинител и увидна екипа од СВР Битола.