Недоволно уредени прашањата за домувањето во Македонија
Проблемите со домувањето се присутни, но, станарите во зградите не знаат ниту каде да пријават, ниту каде да се пожалат. Невладини организации посочуваат дека недостига регулација, но и инспектори, кои ги нема доволно на број. Сива зона има и со потстанарите...

Граѓаните кои живеат во објекти за колективно домување секојдневно се соочуваат со проблеми. Во Законот има недостатоци, како недостиг од контрола над управителите зашто нема доволно инспектори. Граѓаните не се доволно информирани кој треба да ги заштити, па сметаат дека Регулаторната комисија за домување треба да го врши надзорот, иако тоа е обврска на општинските инспектори.
Тренд е и закупот на станови, но, недостига и законска регулатива.
Предизвици има и со младинското домување и домувањето за студенти, а и социјалното домување бара реформи, велат од фондацијата Фридрих и Шуберт.
Препорака од здруженијата е да се изнајде начин законски да се регулира цената на пазарот на недвижнини, особено на становите кои се издаваат.
Александра Спировска
