Македонија пат: Од 1 јули забрана за движење на тешки товарни возила во викендите и жешките денови
Забраните за во петок се од 17 до 22 часот, во сабота од 9 до 18 часот, а додека пак во недела од 9 до 22 часот. Во деновите преку неделата при високи температури, определени од Министерството за здравство, забраната важи и од понеделник до четврток , во периодот од 11 до 17 часот...

Од 1 јули до 31 август стартува забраната за движење на тешки товарни возила со вкупна маса над 15 тони за време на деновите кога температурите ќе бидат екстремно високи, соопшти Македонија пат.
Забраните за во петок се од 17 до 22 часот, во сабота од 9 до 18 часот, а додека пак во недела од 9 до 22 часот. Во деновите преку неделата при високи температури, определени од Министерството за здравство, забраната важи и од понеделник до четврток , во периодот од 11 до 17 часот.
За регулирање на сообраќајот е поставена соодветна сигнализација. Оваа забрана важи за сите државни патишта.
Оваа забрана не се однесува на возилата кои превезуваат животни, цвеќе, хуманитарна помош, жито и житни култури, нафта и нафтени деривати, превоз на опасни матријали, како и превоз за компании кои имаат склучено договори за изведување проекти на државните патишта.
