Сингапур

Министрите за одбрана на Кина и САД разговараа за Тајван, Украина и за Газа

01.06.2024 16:48

Министрите за одбрана на САД и Кина, Лојд Остин и Донг Јун имаа средба на годишниот Азиски форум за одбрана и безбедност во Сингапур...

Министрите за одбрана на САД и Кина, Лојд Остин и Донг Јун имаа средба на годишниот Азиски форум за одбрана и безбедност во Сингапур.

Освен за Украина, разговарале и за Тајван и ситуацијата во Јужно Кинеско Море, како и за војната во Газа. Пекинг оцени дека на средбата имало позитивна, прагматична и конструктивна стратешка комуникација, во насока на спроведување на важните договори постигнати меѓу претседателите Џјинпинг и Бајден.

Остин, пак, ја нагласил важноста од одржување отворени линии на комуникација меѓу двете војски и изразил загриженост за провокативните акции на кинеската војска околу Тајванскиот теснец. Ова беше прва средба меѓу министрите за одбрана на САД и Кина од ноември 2022 година.