МВР
Скопјанец нападнат во кафуле на Бит Пазар, искршен и инвентарот
01.06.2024 19:15
Синоќа дошло до инцидент во угостителски објект на подрачјето на Бит Пазар...

Синоќа дошло до инцидент во угостителски објект на подрачјето на Бит Пазар.
Според информациите од МВР, 56-годишен скопјанец бил нападнат од две лица – Ј.О. и М.Н., кои потоа заедно со уште две други, пред објектот оштетиле и инвентар.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
