Украина, Грузија и Молдавија потпишаа договори за соработка со ЕУ
Со Украина е потпишан само економскиот дел од спогодбата. Претседателот на Европскиот совет Херман ван Ромпуј изрази подршка на трите поранешни советски републики кои изразија желба да и се приближат на Унијата...

Украина, Грузија и Молдавијаги потпишаа договорите за соработка со ЕУ, и покрај спротивставувањето на Русија. Пактот, што ги поврзува трите поранешни советски земји до Западот на еконосмки и политички план, е изворот на кризата во Украина.
Со Украина е потпишан само економскиот дел од спогодбата. Претседателот на Европскиот совет Херман ван Ромпуј изрази подршка на трите поранешни советски републики кои изразија желба да и се приближат на Унијата.
„Ова не се само обични договори, туку и основа за историјата на нашите односи и Европа во целост“, вели Херман ван Ромпуј, претседател на Европскиот совет.
„Ова е можеби најважниот ден за Украина по денот на независноста. Датум важен и за историјата и за иднината. Покажавме дека силната волја ги менува работите“, рече Петро Порошенко, претседател на Украина.
Денеска истекува прекинот на огнот во источна Украина. Во Доњецк се очекуваат преговори меѓу сепаратистите и украинските власти.
Инаку,лидерите на земјите-членки на Европската унија бираат нов претседател на Европската комисија. Фаворит е поранешниот премиер на Луксембург Жан Клод Јункер.
Противник на ваквата одлука е британскиот премиер Дејвид Камерон којшто верува дека Јункер би можел да ги блокира реформите во ЕУ. Ставот на Камерон е поддржан само од Унгарија.
Централно-десничарската Европска Народна Партија која има најголем број пратеници во Европскиот Парламент ја даде својата поддршка за Јункер.
