Иран
На претседателските избори во Иран се пријавија девет кандидати
01.06.2024 19:19
За претстојните претседателски избори во Иран досега својата кандидатура ја пријавиле девет кандидати...

За претстојните претседателски избори во Иран досега својата кандидатура ја пријавиле девет кандидати. Петдневното пријавување на кандидатурите, кое започна на 30-ти мај, ќе заврши на 3-ти јуни, а конечната листа на кандидати ќе биде објавена на 11 јуни.
Во Иран се одржуваат предвремени избори по смртта на претседателот Раиси, кој загина во хеликоптерска несреќа на 19 мај заедно со министерот за надворешни работи Хосеин Амир-Абдолахиан и уште шест други.
