Власт
Предупредувања за неспоивост на функции
01.06.2024 19:55
Антикорупциска ги потсети избраните функционери дека не може да извршуваат две функции...

Антикорупциска ги потсети избраните функционери дека не може да извршуваат две функции. Оттаму побараа итна реакција откако техничкиот премиер Џафери и неколку министри не ги предадоа функциите иако станаа пратеници.
Комисијата потсетува дека неспоивоста на функции е јасно и прецизно дефинирана и во Уставот и во Законот за пратеници, Законот за Собрание и во Изборниот законик.
Професорот по уставно право Денис Прешова пак оцени дека Џафери демонстрира самоволие оставајќи простор сам да одлучува која функција ќе му биде во мирување. Тој смета дека Собранието треба веднаш да реагира.
