Големи поплави во Германија
Силно невреме вчера и денеска погоди големи делови од јужна Германија...

Силно невреме вчера и денеска погоди големи делови од јужна Германија, предизвикувајќи прекин на сообраќајот, а некои жители биле принудени да бидат евакуирани со хеликоптер.
Поради поплавите, во прекин е железничкиот сообраќај меѓу главниот град на Баварија Минхен, Брегенц во Австрија и Цирих во Швајцарија.
Во прекин беше и линијата меѓу Улм и Аугсбург, а меѓуградските возови на релација Штутгарт-Минхен беа пренасочени.
Во баварскиот град Фишах, западно од Минхен, хеликоптер бил користен за спасување на луѓето од нивните домови откако реката Шмутер се излеа од коритото.
Неколку соседни окрузи прогласија вонредна состојба бидејќи дождот продолжи да врне до доцна во денот, а нивото на водата продолжи да расте.
Невремето најверојатно ќе продолжи и утре, забележува ДПА.
