Прилеп

Потребна е контрола на експлоатацијата на минерални суровини

02.06.2024 11:10

Прилеп е општина со најмногу концесии за експлоатација на минерални суровини, но, се смета, нема доволно ниту бенефит, ниту контрола кој каде, како и колку копа и ископува. Потребен е и нов закон...

Неконтролираното ископување минерални суровини за брзо ќе ги исцрпи наоѓалиштата кои не се на домашната мапа, туку се на светските берзи. Освен, тоа, нема контрола колку и дали се прават штети за населението и околината. Потребни се контрола на ископот, но и повеќе бенефит за општината на која тоа треба да ѝ биде главен извор во буџетот.

Прилеп е со најголем број концесии во државава.

Во 2007 и 2010 година се исправи неправдата за од концесиите средства да добиваат и општините. Стигнаа до 78 проценти, но и тоа е малку. Општините немаат контрола кој и како експлоатира.

Потребен е нов закон што ќе го регулира концесионерството.

 

Елизабета Митреска