Лига на шампиони

Реал Мадрид ја освои Лигата на шампионите

02.06.2024 07:43

Реал Мадрид е новиот европски шампион откако вечерва по петнаесетти пат ја освои титулата во Лигата на шампионите. Во финалето на „Вембли“ беше подобар од Борусија Дортмунд со 0 – 2...

Реал Мадрид е новиот европски шампион откако вечерва по петнаесетти пат ја освои титулата во Лигата на шампионите. Во финалето на „Вембли“ беше подобар од Борусија Дортмунд со 0 – 2.

Дани Карвахал и Винисиус беа херои за шпанскиот тим. Дефанзивецот го отвори резултатот во 74. минута, а бразилскиот напаѓач ја запечати победата во 83. минута.

На овој начин Реал триумфираше во 9-то последователно финале на најкомерцијалниот клупски турнир. Борусија Дортмунд остана со еден трофеј од Лигата на шампионите и две загубени финалиња.

Фудбалерите на Борусија Дортмунд одиграа храбро и имаа многу шанси. Во една од нив топката заврши во голот на Реал Мадрид, но беше сигнализирана недозволена позиција па, сепак, Борусија Дортмунд остана без постигнат гол.

Финалето во Лондон се претвори во испраќање за двајца големи фудбалери – Тони Крос од Реал Мадрид и Марко Ројс од Борусија Дортмунд.