Регион

Во Србија се одржуваат локални избори за 89 градови и општини, се гласа и на повторените избори за град Белград

02.06.2024 08:22

Во Србија денеска се одржуваат локални избори во 89 градови и општини, се гласа и на повторените избори за собранието на град Белград, како и во Нови Сад, Ниш, Чачак, Ваљево и повеќето општини во Војводина. Граѓаните ќе можат да гласаат на избирачките места кои се отвораат во 7:00 часот, а затвораат во 20:00 часот...

Во Србија денеска се одржуваат локални избори во 89 градови и општини, се гласа и на повторените избори за собранието на град Белград, како и во Нови Сад, Ниш, Чачак, Ваљево и повеќето општини во Војводина. Граѓаните ќе можат да гласаат на избирачките места кои се отвораат во 7:00 часот, а затвораат во 20:00 часот.

Овие избори се значајни бидејќи резултатите ќе ја одредат идната политичка насока на главниот град на Србија, кој е клучен политички и економски центар на земјата.

Граѓаните на Белград или 1.602.112 запишани гласачи ќе избираат 110 советници на градското собрание, а ќе бираат и советници во сите 17 белградски општини.

Покрај изборите за градското собрание на Белград избори се одржуваат и во градовите: Нови Сад, Ниш, Суботица, Зрењанин, Кикинда, Вршац, Панчево, Сомбор, Сремска Митровица, Ваљево, Пожаревац, Јагодина, Ужице и Чачак.

За власт во Нови Сад се борат 14 изборни листи, во Ниш на изборите се пријавиле 11 партии или коалиции, шест во Ваљево и седум во Чачак.

Избори се одржуваат во уште 51 општина во Србија: Ада, Алексинац, Алибунар, Апатин, Ариље, Бач, Бачка Паланка, Бачка Топола, Бачки Петровац, Бечеј, Бела Црква, Беочин, Бољевац, Босилеград, Бујановац, Чајетина, Чока, Горни Милановац, Инѓија, Ириг, Ивањица, Кањижа, Ковачица, Ковин, Мали Иѓош, Нова Црња, Нова Варош, Нови Бечеј, Нови Кнежевац, Оџаци, Опово, Пеќинци, Пландиште, Рашка, Рума, Сента, Шид, Сјеница, Србобран, Сремски Карловци, Стара Пазова, Сурдулица, Свилајнац, Шврљиг, Темерин, Тител, Тутин, Врбас, Врњачка бања, Жабаљ и Житиште.

Изборната комисија во рок од седум дена од денот на објавувањето на вкупниот извештај за резултатите од локалните избори доделува мандати на кандидатите за одборници по нивниот редослед на изборната листа.

Мисијата за набљудување на изборите на ОДИХР ќе има вкупно 126 набљудувачи низ цела Србија.