Свет

Кинеска сонда слета на подалечната страна на Месечината

02.06.2024 10:02

Кинеската сонда „Chang’e-6“ слета денеска на подалечната страна на Месечината...

Кинеска сонда денеска слета на подалечната страна на Месечината. Пекинг соопшти дека слетувањето поминало мазно.

Бил користен автономен систем за избегнување визуелни пречки, по што со помош на 3-D скенер е избрано безбедно место. 

Задача на сондата е да собира и враќа на земјата примероци од далечната страна на месечината, што е прв ваков потфат во историјата на човештвото. Операцијата ќе трае два дена, а примероци ќе се собираат и од површината и со копање на подземни материјали.

За мисијата е избран кратерот на месечината, наречен „Аполо басен“ поради неговите поволни услови за комуникација и телеметрија, како и неговата релативно рамна површина.