Партии

Тече постапката за кандидирање за нов претседател на СДСМ

02.06.2024 10:53

Во СДСМ во тек е постапката за кандидирање за нов претседател на партијата. Рокот истекува в четврток, на 6-ти јуни...

Во СДСМ во тек е постапката за кандидирање за нов претседател на партијата. Рокот истекува в четврток, на 6-ти јуни. Кандидатите треба да имаат најмалку петгодишно членство во СДСМ и најмалку еднаш да биле избрани од страна на конгресот за член на некој од органите на партијата.

Освен лична и партиска биографија, кандидатите треба да достават и четиригодишна програма за работа. Досега неколкумина објавија дека планираат да влезат во трката за наследник на Димитар Ковачевски – директорот на Слободните зони, Јован Деспотовски и пратеничката и министерка за одбрана, Славјанка Петровска веќе потврдија дека ќе поднесат кандидатури. Лидерски амбиции покажа и директорот на царината, Стефан Богоев, а се споменува и името на пратеникот и екс-министер за здравство, Венко Филипче.

Ковачевски не планира повторно да се кандидира. Вонредните внатрепартиски избори во СДСМ ќе се одржат на 30-ти јуни.