Иран
Махмуд Ахмадинеџад повторно ќе се кандидира за претседател на Иран
02.06.2024 11:00
Поранешниот тврдокорен ирански претседател, Махмуд Ахмадинеџад политички се активира...

Поранешниот тврдокорен ирански претседател, Махмуд Ахмадинеџад политички се активира. Тој се кандидираше на претстојните предвремени претседателски избори, свикани по смртта на Ебрахим Раиси, кој загина во хеликоптерска несреќа.
67-годишниот Ахмадинеџад беше на функција од 2005 до 2013 година, период што го одбележа конфронтацијата со Западот поради иранската нуклеарна програма и неговата запалива реторика кон Израел. Досега за трката се пријавени неколку кандидати, меѓу кои за првпат и жена.
Изборите во Иран ќе се одржат на 28-ми јуни.
