Кина отворена за редовна воена комуникација со САД
Кина е отворена за воена комуникација со САД, изјави кинескиот министер за одбрана Донг Џун на Азискиот самит во Сингапур...

Кина е отворена за воена комуникација со САД, изјави кинескиот министер за одбрана Донг Џун на Азискиот самит во Сингапур. Додаде дека Пекинг секогаш бил отворен за соработка, но мора двете страни да се сретнат на половина пат. Кинескиот министер за одбрана и американскиот секретар Лојд Остин се сретнаа на безбедносниот самит во Сингапур на кој присуствуваа воени претставници од целиот свет. По состанокот, Остин рече дека телефонските разговори меѓу американските и кинеските воени команданти ќе продолжат во наредните месеци. Пекинг го поздрави стабилизирањето на односите меѓу двете земји.
„Нема да дозволиме хегемонизмот и политиката на моќ да ги поткопаат интересите на азиско-пацифичките земји. Нема да дозволиме никој да носи геополитички конфликти или каква било војна, топла или ладна, во нашиот регион. Нема да дозволиме ниту една земја или која било сила да создава конфликт и хаос во нашиот регион“, изјави Донг Јун, кинески министер за одбрана.
