Спорт
Казни за дивеењето на спортски натпревари
02.06.2024 13:21
Насилството на спортските терени е неретка појава во земјава но, последниот скандал со физичка пресметка на родители кои присуствувале на детски натпревар во фудбал во Скопје, го вклучи црвениот аларм....

Насилството на спортските терени е неретка појава во земјава но, последниот скандал со физичка пресметка на родители кои присуствувале на детски натпревар во фудбал во Скопје, го вклучи црвениот аларм. Во 2004 година беше донесен Законот за спречување на насилство и недостојно однесување, но се чини ретко кога се почитува. Александра Спировска разговара со професорот Иван Анастасовски за тоа како да се превенира неспортското однесување на спортските терени.
