Спорт

Инцидент во детската лига, го вклучи црвениот аларам за насилството на спортските терени

02.06.2024 14:22

Родителските тупаници ја заменија радоста на младите фудбалери – инцидентот во детската лига, за експертите е јасен сигнал дека предвидените казни со законот, мора да се почитуваат...

По вчерашниот скандал на детската лига, кога детската радост ја заменија родителските тупаници кои се разменуваа на теренот, се поставува прашањето како да се превенира неспортското однесување на спортските терени.

Според граѓаните, децата треба да бидат воспитувани во спортскиот дух, да се честита на победникот, да се прифати поразот. Неспортското однесување е неприфатливо, особено кога доаѓа од родителите, од оние кои треба да дадат пример.

Спортот треба да обединува и да воспитува. Законот донесен во 2004 година во Собранието е за да се превенира и репресира девијантното однесување, но во ниту еден момент не бевме свесни дека ќе се пренесе во детска младинска лига, вели професор Анастасовски. Потенцира дека родителските неискористени потенцијали, не треба да се манифестираат на децата.

ФФМ го осуди инцидентот и најави дисциплински санкции.

 

Александра Спировска