Европска Унија

Неколку дена до европските парламентарни избори

02.06.2024 15:42

Недела на одлука. Од 6-ти до 9-ти јуни ќе се одржат европските парламентарни избори во 27-те земји членки на Унијата. Со право на глас се околу 370 милиони луѓе. Анкетите ја фаворизираат Европската народна партија. Но, што ќе донесат изборите во однос на проширувањето? Оптимистите гледаат шанса за напуштање на едногласното одлучување, но, ништо не е сигурно...

Зборот „проширување“ стана табу во Европа по референдумот во 2005 година. „Првото проширување на Исток беше одговор на крајот на Советскиот Сојуз, второто проширување на југоисток требаше да биде одговор на десетгодишната војна на Балканот, а третото проширување на Исток е повторно одговор на војната“, забележува Жак Рупник, почесен професор во Sciences Po, кој забележува дека „дваесет и пет години, статусот на кандидат повеќе не се трансформира во членство“.

На тркалезната маса во Францускиот сенат посветена на проширувањето на ЕУ, амбасадорот Филип Етиен предупредува долгото чекање од прифаќањето на кандидатурата се до отворањето на преговорите за земјите од Балканот е опасно.

„Поминаа повеќе години, за Албанија 13, меѓу двете, очигледно. Што мислеа земјите од овој регион на кои им ја отворивме перспективата за пристап? И во однос на она што ништо не се случува. Видовме какви се надворешните влијанија, особено на Кина и на Русија. Во однос на геополитичката важност за стабилизирање на овој регион, но и за стабилизирање со дополнително закотвување во Европската Унија, заклучокот е дека навистина не сме напреднале“, изјави Филип Етиен, амбасадор на Франција.

Вистината е дека „премиум“ пристапот до европскиот клуб е единствениот што ги интересира земјите кандидати. Оптимистите веруваат дека проширувањето ќе биде сигнал за почеток што ќе овозможи да се зголеми ефективноста на европското владеење, благодарение на отстранувањето на правото на вето на суверените субјекти. Но, ништо не е помалку сигурно: 13 држави од 27 се целосно против напуштање на едногласното гласање, и потребно е едногласно гласање за да се укине тоа.

 

Тони Гламчевски