Политика

Европскиот фронт усвои политичка декларација за етничкиот легитимитет што произлегува од избори

02.06.2024 16:10

Европскиот фронт усвои политичка декларација за како што се наведува во него етничкиот легитимитет што произлегува од последните избори. Декларацијата ја потпишаа политичките претставници на фронтот и истата како што посочија ќе биде пратена до сите државни и меѓународни претставници...

За декларацијата претседателот на ДУИ Али Ахмети побара својот глас да го дадат присутните во Центарот за култура во Тетово каде се одржа состанокот на фронтот.

Во неа стои дека владините партнери мора да бидат определени од политичката волја на двете најголеми заедници во земјата, Албанците и Македонците, како и легитимните претставници на другите заедници.

Ахмети кој ја прочита декларацијата посочи дека непочитувањето на легитимитетот овозможува воспоставување на етничка хегемонија и претставува понижување кон Албанците.

„Ова моноетничко мнозинство, кое го нарушува легитимитетот на другите етнички заедници, го оптоварува соживотот, демократијата и тоа не треба да го дозволиме сите ние заедно, домашните сили и меѓународната заедница, како гаранти на Охридскиот договор и олеснувачи на Мајскиот договор, не смееме да дозволиме враќање назад, поништување на досегашните заеднички достигнувања и мора да спречиме повторување на непочитување на политичката волја и легитимитетот на суверениот затоа што сите сносиме одговорност за мирот, безбедноста, стабилноста на нашата земја и регионот“, изјави Али Ахмети, претседател на ДУИ.

Декларацијата ќе биде пратена до сите државни и меѓународни претставници, со цел како што посочија од фронтот, суштински да се информираат за според нив неправдата која има е нанесена на легитимни претставници на Албанците на последните избори.

 

Зоран Димовски