Грција
Земјотрес ја погоди Грција
02.06.2024 16:17
Земјотрес со јачина од 4,3 степени според Рихтеровата скала се случи денеска околу пладне во близина на грчкиот остров Китнос...

Земјотрес со јачина од 4,3 степени според Рихтеровата скала се случи денеска околу пладне во близина на грчкиот остров Китнос.
Оваа информација ја објави Геодинамичкиот институт на Националната опсерваторија во Атина, каде што е почувствуван земјотресот.
Епицентарот на земјотресот, кој се случи во 11:53 часот, се наоѓа на 17 километри северо-североисточно од островот и на околу 80 километри од Атина. Длабочината на потресот се проценува на 14,4 километри.
