Турција

Се урна зграда во Истанбул

02.06.2024 16:22

Едно лице загина, седум се повредени при уривање на зграда во округот Кучукчекмеџе, во Истанбул, соопштија турските власти...

Едно лице загина, седум се повредени при уривање на зграда во округот Кучукчекмеџе, во Истанбул, соопштија турските власти. Пет од повредените лица се превезени во болница, останатите две се изјасниле оти не им е потребна медицинска помош.

„Зградата е изградена во 1988 година. Засега нема информации за причините за уривањето“, изјави гувернерот на Истанбул, Давут Гул.