Тестот од матурата споделен во Вибер група
Откако тестот по мајчин јазик и литература од државната матура повторно се најде во Вибер група во која имало 7.000 ученици Државниот испитен центар утре на стручен колегиум...

Откако тестот по мајчин јазик и литература од државната матура повторно се најде во Вибер група во која имало 7.000 ученици Државниот испитен центар утре на стручен колегиум ќе одреди точни насоки за постапување на оценувачите за да утврдат дали ученикот препишувал.
Тестовите за кои ќе се утврди препишувањето ќе бидат поништени. Дел од учениците и вчера биле фатени како препишуваат. Годинава државната матура за прв пат се полагаше во училишни сали и холови наместо во училница.
Беа ангажирани околу 2.000 тестатори наставници и околу 250 набљудувачи од Државниот испитен центар. Вториот изборен испит ќе се полага на 8-ми јуни.
