Италија

Италија одбележува 78 години од основањето на Републиката

02.06.2024 19:04

По повод 78-годишнината од основањето на Република Италија, италијанскиот претседател Серџо Матарела денеска во Рим на споменикот на Олтарот на татковината положи ловоров венец на споменикот на Непознатиот херој...

По повод 78-годишнината од основањето на Република Италија, италијанскиот претседател Серџо Матарела денеска во Рим на споменикот на Олтарот на татковината положи ловоров венец на споменикот на Непознатиот херој.

– Прославата на 78-та година од раѓањето на Република Италија не потсетува на вредностите на нашиот идентитет и на далекувидниот и мудар Устав, рече Матарела и истакна дека независноста и слободата се достигнувања што мора да се бранат секој ден.