Експлозија на гасовод во Индија,16 мртви

27.06.2014 13:46

Во огромна експлозија на државниот гасовод  во јужната индијска покраина Андра Прадеш, утрото загинале најмалку 16 луѓе и изгореле голем број куќи, објавија официјални државни претставници.
 
До сега се пронајдени 13 тела на жртвите од експлозијата-пренесува агенцијата АПФ.
 
Големиот пожар кој избил по експлозијата на гасоводот во сопственост на компанијата ГАИЛ, трел околу 3 часа, асега е под контрола. Евакуирани се соседните села, а налутените селани насилно влегле во зградата на рафинеријата и ги уништиле просториите  со камења.