Регион

Затворени избирачките места во Србија

02.06.2024 21:14

Во Србија денеска се одржаа локални избори во 89 градови и општини каде право на глас имаа над 4,2 милиони граѓани. Избирачките места беа отворени во 7:00 часот, а затворени во 20:00 часот, по што ќе бидат објавени првите прелиминарни резултати...

Во Србија денеска се одржаа локални избори во 89 градови и општини каде право на глас имаа над 4,2 милиони граѓани. Избирачките места беа отворени во 7:00 часот, а затворени во 20:00 часот, по што ќе бидат објавени првите прелиминарни резултати.

Локалните избори се одржаа во оние општини каде што не се гласаше во декември минатата година.

Според проценките на Цезид и Ипсос, до 19 часот на изборите во Белград излегле 42,2 отсто од гласачите.

Во Нови Сад, според проценките, до 19 часот гласале 46,3 отсто од гласачите, додека во декември гласале 54,7 отсто, додека во Ниш, според проценките, на гласање излегле 44,4 отсто од гласачите.

Министерството за внатрешни работи на Србија соопшти дека за време на изборите немало сериозни инциденти, освен напади врз полицијата и оштетување на Саемот во Нови Сад.