Уставен суд
Нова седница на Уставен суд за избор на претседател
03.06.2024 08:42
Денеска нов обид да се избере претседател на Уставен суд откако изминатите денови пропаднаа шесте обиди во кои ниту еден од кандидатите не успеа да собери двотретинска поддршка...

Денеска нов обид да се избере претседател на Уставен суд откако изминатите денови пропаднаа шесте обиди во кои ниту еден од кандидатите не успеа да собери двотретинска поддршка од своите колеги или шест гласа за да биде избрана една од двете кандидатки Татјана Васиќ Бозаџиева и Ана Павловска Данева.
Во два наврати судиите гласаа за предложените кандидати, при што ниту еден од кандидатите не го доби потребното мнозинство.
Вчера заврши и тригодишниот мандат на Кацарска како шефица на Судот. Мандатот на претседателот на Уставен суд е три години, без право на реизбор.
