Јапонија
Силен земјотрес ја погоди Јапонија
03.06.2024 08:47
Земјотрес со јачина од 5,9 степени според Рихтеровата скала утрово ја погоди централна Јапонија, но не беше издадено предупредување за цунами...

Земјотрес со јачина од 5,9 степени според Рихтеровата скала утрово ја погоди централна Јапонија, но не беше издадено предупредување за цунами, соопшти Јапонската метеоролошка агенција.
Епицентарот на земјотресот бил на полуостровот Ното, кој веќе беше погоден од силен земјотрес на 1 јануари во кој загинаа 230 луѓе. Според телевизијата НХК, локалните власти соопштија дека засега не е регистрирана материјална штета.
Афтершок со јачина од 4,8 степени се случи 10 минути по првиот земјотрес.
