ДИЦ

ДИЦ денеска ќе одлучува како ќе се оценува испитот од саботата

03.06.2024 08:55

Државниот испитен центар денеска на стручен колегиум ќе одлучува како оценувачите ќе постапат во однос на испитот по мајчин јазик што се спроведе во саботата...

Државниот испитен центар денеска на стручен колегиум ќе одлучува како оценувачите ќе постапат во однос на испитот по мајчин јазик што се спроведе во саботата откако беше пријавено масовно препишување.

Размислувањата се онаму каде е констатирано дека се препишувало тестовите да бидат поништени.

Од ДИЦ додаваат и дека онаму каде што ќе откријат дека тестаторите толерирале препишување и истото биде поткрепено со доказ за тоа ќе ги известат надлежните институции.

Дополнително договорен е и состанок со Министерството за образование и наука, каде дополнително би се договориле и други мерки насочени и кон останатите инволвирани лица во процесот на полагање државна матура.