Се чекаат на официјалните одговори на Израел за предлогот на Бајден
Во исчекување на официјалните одговори на Израел за предлогот на американскиот претседател Бајден за прекин на огнот во Газа...

Во исчекување на официјалните одговори на Израел за предлогот на американскиот претседател Бајден за прекин на огнот во Газа, државниот секретар Блинкен на телефонска линија со министерот за одбрана на Тел Авив. Галант потврди дека Израел подготвува алтернатива за владеењето на Хамас низ енклавата.
„Безбедносниот естаблишмент, по моја инструкција ја подготвува владејачката алтернатива за Хамас. Штом ги изолираме областите, од нив ќе ги отстраниме луѓето од хамас и ќе воведеме други сили што ќе овозможат друга влада која исто така ќе претставува закана за терористите“, изјави Јоав Галант – министер за одбрана на Израел.
Притисокот врз Нетанјаху расте откако, израелскиот министер за национална безбедност изјави дека ќе ја собори Владата на Нетанјаху доколку го прифати договорот. Во истовреме, израелските сили продолжија со офанзивата во Рафах.
