Годишна изложба на ликовното студио „Арс Вивенди“
Деветнаесетта завршна годишна групна изложба на ликовното студио „Арс Вивенди“ ќе биде отворена вечер во 19 часот во галеријата „КО-РА“ – салон сутерен во Дом на култура „Кочо Рацин“ – Скопје, во рамките на културната понуда на Град Скопје како Европска престолнина на културата 2028...

Деветнаесетта завршна годишна групна изложба на ликовното студио „Арс Вивенди“ ќе биде отворена вечер во 19 часот во галеријата „КО-РА“ – салон сутерен во Дом на култура „Кочо Рацин“ – Скопје, во рамките на културната понуда на Град Скопје како Европска престолнина на културата 2028.
Меѓу учесниците на 19-тата завршна годишна групна изложба се членови од различна возраст, кои творат под менторство на уметникот и педагог Тони Шулајковски. Тој од 2005-та година работи со талентирани деца и го основа приватното ликовното студио „Арс Вивенди“ заедно со проект менаџерката Дијана Петкова.
Делата на овогодишната завршна изложба на членовите на ликовното студио Арс Вивенди се со разнообразна тематика и работени се во повеќе техники: акварел, темпера, акрил на платно, цртеж и дигитален цртеж.
