Се очекува да почнат со работа хируршките клиники
Заменик-министерката за здравство Манолева извести дека на состанок со директорите на Клиниките се договориле да почнат со работа сите хируршки клиники во Клинички...

Заменик-министерката за здравство Манолева извести дека на состанок со директорите на Клиниките се договориле да почнат со работа сите хируршки клиники во Клинички. Во операциските сали да се користат надворешни компресори и дополнително со садови со компримиран воздух.
Манолева ќе побара од Владата да ја задолжи јавната установа заеднички служби за потребите на здравството да изврши итна набавка и промена на локацијата на компресорската станица на Клинички центар.
Хируршките сали во Клинички центар во изминатите денови се затворени, а како причина за тоа е наведен непријатниот мирис кој се ширел во нив.
Од Министерството за здравство до Обвинителството стигнало известување дека имало проблеми со функционирањето на вентилацискиот систем во хируршките сали.
Од Обвинителството, пак, известија дека предметот е распореден кај обвинител, кој треба да провери дали во овој случај има кривично дело, односно дали постои основа да поведе кривична постапка и против кого.
