Мексико ја доби првата жена претседатседател на изборите
Клаудија Шајнбаум е неповратен победник и прва жена претседател на Мексико. Според првичните резултати од брзото пребројување на Изборната комисија, таа поведе со огромно водство наспроти нејзините противкандидати.

Клаудија Шајнбаум е неповратен победник и прва жена претседател на Мексико. Според првичните резултати од брзото пребројување на Изборната комисија, таа поведе со огромно водство наспроти нејзините противкандидати. Кандидатката на владејачката партија доби меѓу 58 и 60 насто од гласовите, додека нејзиниот опозициски ривал Галвез успеа да освои помеѓу 26 и 28 насто.
Брзото пребројување беше одложено неколку пати без објаснување од страна на Изборната комисија, што го натера Галвез да фрли сомнеж во неговата веродостојност, и покрај огромниот јаз во излезните анкети.
„Сакам да ви се заблагодарам затоа што за прв пат по 200 години од републиката ќе станам првата жена претседател на Мексико. Според прелиминарните резултати достапни од Националниот изборен институт, разликата за да станам претседател е повеќе од 30 поени. Важно е да се нагласи дека дури и во нашите пониски резултати што се очекуваат од прелиминарните резултати, го добивме мнозинството на конгресот, пратениците и најверојатно и во сенатот“, изјави Клаудија Шеинбаум – претседателски кандидат на Мексико.
