Свет
Од толотен бран во Индија, починаа над 50 лица
03.06.2024 10:39
Повеќе од 50 лица починаа во Индија во изминатите три дена поради високите температури кои ја зафатија државата...

Повеќе од 50 лица починаа во Индија во изминатите три дена поради високите температури кои ја зафатија државата, од кои повеќето во саботата, кога се одржа последната фаза од парламентарните избори. Парламентарните избори во Индија секогаш се одржуваат во април и мај, но годинава температурите беа рекордно високи.
Температурите во Северна, Западна и Централна Индија во последните две недели се движеа до 45 Целзиусови степени, а на некои места достигнаа и 50 Целзиусови степени.
