Свет

Јужна Кореја ќе го суспендира воениот договор со Пјонгјанг поради балоните со ѓубре

03.06.2024 11:34

Јужнокорејските власти планираат да го суспендираат воениот договор потпишан со Северна Кореја во 2018-та година кој предвидуваше намалување на тензиите меѓу двете земји, како одговор на провокацијата на Северна Кореја која испрати стотици балони со ѓубре преку границата...

Јужнокорејските власти планираат да го суспендираат воениот договор потпишан со Северна Кореја во 2018-та година кој предвидуваше намалување на тензиите меѓу двете земји, како одговор на провокацијата на Северна Кореја која испрати стотици балони со ѓубре преку границата. Најавија дека Советот за национална безбедност, утре официјално ќе побара одобрение од кабинетот во Сеул за суспензија на договорот, што ќе им овозможи да преземат итни и соодветни одмазднички акции како одговор на провокацијата на Северна Кореја.

„Војската е на готовс веднаш да изврши мисии доколку биде наредено. Нашите граѓани останаа присебни во текот на целата провокација и ни го пријавија инцидентот. Нивната смиреност можеби беше одлучувачки фактор за неутрализирање на волјата на Северна Кореја да изврши дополнителни провокации“, изјави Ли Сунг Џун, портпарол на здружениот штаб на Јужна Кореја.