Свет

Во Грузија стапи на сила законот за странски агенти

03.06.2024 11:48

Претседателот на грузискиот парламент го потпиша контроверзниот закон. Околу 30 илјади невладини организации низ земјата се затвораат...

Стапи на сила законот за странски агенти во Грузија. Претседателот на грузискиот парламент го потпиша контроверзниот закон. Околу 30 илјади невладини организации низ земјата се затвораат.

Претседателката Зурабичвили, која сè повеќе е во судир со владејачката партија, претходно стави вето на законот обвинувајќи ја владејачката партија дека ја загрозува иднината на земјата и го попречува патот кон ЕУ. За Владата пак, законот е потребен за да се запрат штетните странски актери кои се обидуваат да ја дестабилизираат јужнокавкаската земја.

„Го потпишав законот „за транспарентност на странско влијание“. Главната цел на овој закон е да се зголеми отпорот на политичките, економските и социјалните системи на Грузија на надворешно мешање. Пристапот кон законот е едноставен и јасен. Јавноста мора да знае кој стои зад секој актер. Ова важи за државните институции, политичките партии и државните службеници, треба да важи и за организациите финансирани од странство“, изјави Шалва Папуашвили, претседател на грузискиот парламент.