Победа на СНС на локалните избори во Србија
Српска напредна странка, партијата на Вучиќ, победи во повеќе општини на вчерашните локални избори. Изненадувањето дојде од Ниш, каде што оваа партија не успеа да направи водство ...

По вчерашните избори во 88 градови и општини на Србија и на повторените избори за градот Белград, СНС и СПС освоија мнозинство во речиси сите градови и општини, или како што кажа премиерот Милош Вучевиќ и лидер на СНС, освен во оние општини каде мнозинско население се унгарците или словаците.
Според податоците на ГИК, СНС во Белград освои 64 одборнички места, од можни 110, според што идниот градоначалник на Белград ќе биде Александар Шапиќ.
Исто така и во престолнината на Војводина, во Нови Сад, СНС освои 53 отсто на гласови и тука ќе ја формира својата власт.
Синоќа победа на овие избори прогласи и претседателот Александар Вучиќ.
„СНС влегува во нова ера. Имаме отворен мандат за сè што побаравме од народот. Во Белград ќе имаме 63 одборнички места, нашата листа има 52 отсто од гласовите од оние што излегоа, тоа е неверојатна победа, убедлива победа и во Нови Сад, 45 места, речиси 53 отсто од гласовите“, изјави Александар Вучиќ Претседател на Р. Србија
Единствениот град во кој СНС не победи е градот Ниш, каде според податоците на Цесид и Ипсос, СНС освои 29 мандат, два помалку од потребните 31 за да формира власт, така да ниту мандатот на Руската странка нема да помогне.
Опозицијата прогласи победа во Ниш, изјавувајќи дека промените почнуваат од југот.
Така што, заедничката изборна листа на СНС и СПС, како и бојкотот на поголемите опозициски партии како ССП на Ѓилас, ДСС на Јовановиќ, Срце и други доведоа до апсолутната победа на СНС на овие избори и до големиот пораз на опозицијата.
Од Белград за МТВ - Оливер Бранковиќ
