Втора жртва на поплавите во Германија
Поројните дождови доведоа до големи поплави поради кои имаше нарушувања во сообраќајот и прекини железничките линии кон Минхен...

Втора жртва во поплавите што ја зафатија јужна Германија. Властите издадоа предупредувања дека водостојот на реките би можел и натаму да расте. Поројните дождови доведоа до големи поплави поради кои имаше нарушувања во сообраќајот и прекини железничките линии кон Минхен. Канцеларот Шолц изјави дека луѓето мора брзо да се прилагодат на природните катастрофи кои се директна последица на климатските промени.
„Ова не е само еден настан каков што немало со векови. Честите поплави во последно време покажуваат дека не можеме да ја занемариме задачата да ги запреме климатските промени предизвикани од човекот“, изјави Олаф Шолц, германски канцелар.
