ВМРО-ДПМНЕ и „Вреди“ очекуваат да има двотретинско мнозинство за реорганизација
ВМРО-ДПМНЕ и „Вреди“, оптимисти дека во скоро време со двојно мнозинство ќе бидат изгласани измените во Законот за организација на работата на органите на државната управа. До крај на неделата измените ќе бидат поднесени во Собрание. ДУИ продолжува да негодува зошто не се во власта, туку се опозиција.

Парламентарното мнозинство, ВМРО-ДПМНЕ и „Вреди“, по координацијата кај спикерот Африм Гаши оптимисти дека во скоро време со двојно мнозинство ќе бидат изгласани измените во Законот за организација на работата на органите на државната управа. Со измените, од 16 ќе има 18 министерства, а некои од ресорите ќе бидат префрлени од едно во друго министерство.
До крај на неделата измените ќе бидат поднесени во Собрание, но треба да се формираат и Комисиите за политички систем и законодавно правната. Опозициската СДСМ и ДУИ велат, најпрвин да видиме што носат измените, па ќе заземат став.
И додека во Собранието по формула треба да се распределат кој ќе раководи со останатите комисии, ДУИ продолжува да негодува зошто не се во власта, туку се опозиција. Ја започнуваме битката за заштита на легитимитетот, демократскиот и прогресивен дух на Охридскиот договор – велат од ДУИ по потпишување на декларацијата од страна на партиите во коалицијата „Европски фронт“.
Миле Ристески
