САД

Започна судскиот процес против Хантер Бајден

03.06.2024 18:06

Судскиот процес на Хантер Бајден започна денеска пред федералниот суд во државата Делавер. Синот на претседателот, Џо Бајден, се соочува со обвиненија поврзани со нелегално поседување огнено оружје...

Судскиот процес на Хантер Бајден започна денеска пред федералниот суд во државата Делавер. Синот на претседателот, Џо Бајден, се соочува со обвиненија поврзани со нелегално поседување огнено оружје.

Во првото судење Хантер Бајден се изјасни за невин по трите обвиненија поврзани со купување и поседување на револвер во 2018 година. Ова е еден од двата кривични процеси против него, со одделни обвиненија во Калифорнија поврзани со даночни прекршувања.

Судењето во Вилмингтон, Делавер, со кое претседава окружниот судија Мерилон Нореика, започнува со избор на поротата.

Доколку биде осуден за сите обвиненија во случајот Делавер, Хантер Бајден се соочува со затворска казна до 25 години.