Германија

Почина ранетиот во престрелката во Минхен

03.06.2024 21:33

Мажот, кој денеска беше тешко повреден во престрелка во Минхен, почина во болница...

Мажот, кој денеска беше тешко повреден во престрелка во Минхен, почина во болница.

Во голема акција на северот на Минхен, полицијата ја опколи улицата каде е пронајден повредениот и со помош на хеликоптер го пребарува теренот.

На пукањето и претходела расправија меѓу двете лица, а напаѓачот побегнал со темно „ауди“.