Молотов коктел фрлен врз израелската амбасада во Букурешт
На израелската амбасада во Букурешт денеска е фрлен молотов коктел, без штети и жртви, а уапсен е маж со сириско потекло, кој е осомничен за нападот, соопшти израелското Министерство за надворешни работи.

Во соопштението се наведува дека 34-годишен маж, додека бил на безбедносни проверки извадил молотов коктел од ранецот, го запалил и го фрлил на вратата од амбасадата.
АП јавува дека откако го фрлил шишето со запалив материјал, се обидел да се самозапали.
Тој бил уапсен од припадници на антитерористичката единица на романската разузнавачка служба, а потоа на местото на настанот пристигнала и полицијата.