Украина

Жестоки руски напади, има жртви

04.06.2024 08:13

Борбите продолжуваат со несмален интензитет. И Киев и Москва известуваат за акциите во Харков...

Руските сили изутрина удрија врз Днепар. Повредени се најмалку 6 лица меѓу кои и бебе. Борбите продолжуваат со несмален интензитет. И Киев и Москва известуваат за акциите во Харков. Украинските сили тврдат дека уништиле мобилна радарска станица на непријателот.

Гранатиран и регионот Доњецк-потврди Москва. Во истовреме, швајцарскиот парламент го отфрли предлогот за финансиска помош на Киев од 5 милијарди евра бидејќи планот ги прекршува правилата на неутрална земја за кредитирање.

Во Полска пак, уапсени 18 лица под сомнение дека планирале напади на сметка на Русија и Белорусија, вклучително и атентат врз Зеленски.